02 Мај 2024 - 06:29:06

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

20.06.2013 во 20:46:40

Почитувани, Ви се обраќам со надеж дека што поскоро ќе ни го решите проблемот со несовесноста на одредени поединци, кои и покрај безброј барања и молби од страна на граѓаните, си го решаваат проблемот со отпад, на нив најлесен начин. Поточно станува збор за персоналот на продавницата КАМ во Реонски центар кои можеби и несвесни за последиците, го отстапуваат справувањето со отпадната амбалажа на неколку ромски групи кои секојдневно со своите превозни средства (обично се тоа коњски запреги) собираат, но и сортираат отпад, а од скоро и престојуваат во близината. Секако дека вишокот кој не им се гледа вносен, не го враќаат во продавницата туку без нималку совест и грижа го оставаат (расфрлаат) во околината. Околу споменатите групи, кои редовно оперираат во регионот, би додал и дека се можни сторители на поголем број на, не би ги нарекол кривични, дела. Често се случува да исчезнат велосипеди од околните згради, да се оштетуваат возила и сл. Оваа околината е наша животна средина и колку и да се трудиме да ја одржуваме, тешко успеваме бидејќи на несовесноста нема крај. Ви се обраќам со молба, не со цел да се казни некој, иако во денешно време тешко успеваат молбите, туку да се испрати поблага опомена од инспекциски орган, да им се укаже на Законот за управување со отпад, и да им се наложи на несовесните да водат сметка за околината. Ќе ги поткрепам моите искази со слики кои можете да ги погледате тука (https://www.dropbox.com/sh/cv1qjdjaijojf9x/Q5vNKnVAX4), со пристап од вашите е-маил адреси оставени како контакт. Уште еднаш би потенцирал, никаква намера некој да се казнува од причини што безброј граѓани секојдневно тука пазарат, но од виденото можете да заклучите дека некои граници се преминати. Ви се заблагодарувам однапред за било што да превземете Со почит

Статус: Одговорено
Тип на барање: Диви депонии

 
Одговор

26.06.2013 во 16:09:52

Почитувани, Комуналниот инспектор ќе излезе на терен и ќе направи увид на состојбата и доколку е потребно ќе бидат превземени соодветни мерки. Ви благодариме, што го користевте граѓанскио0т сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by