20 Мај 2024 - 03:54:49

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

03.07.2013 во 16:18:47

Сакам да укажам дека веке 2 години , позади банките на ул Булевар Јане Сандански бр 22 и бр 24 стојат 9 дрва-брези исусени и исто на истиот паркинг позади бр 36 има 5 брези суви . Знаци вкупно 14 дрва исусени на еден паркинг од 50 м.Жалосно, неубава слика за општината , укажува на немарност и неорганизираност во општината. Јас не барам за да се исечат- отстранат , затоа што по шаблон ке кажете да се јавам и да дадам барање до Град Скопје од Одделение за Комунална инспекција. Мислам дека Општината Аеродром треба да има служба која ке ги регистрира овие работи и ке ги преземе сите акции за отстранување на сите грди работи во Општината. Мене не ми сметат ...ако на вас не ви сметат како слика за грда и уредена општина ...па нека стојат уште 2 години па и повеке.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Уредување на блоковското зеленило

 
Одговор

08.07.2013 во 11:55:13

Почитувани, Ве замолуваме да се обратите преку Град Скопје, на нивниот инфо центар до ЈП Паркови и зеленило бидејќи располагаат со соодветна механизација и транспорт за отстранување на суви и скршени дрвја. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by