20 Мај 2024 - 03:14:43

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

16.07.2013 во 10:40:58

Почитувани, Минатиот месец купив стан во вашата општина, поточно во населбата Ново лисиче (последна петка). Станот е на приземје со двор. Сите станови што се во околината на нашиот стан имаат направено/доградено разни тераси, па дури и цели соби (секој според своите потреби, можности и идеи). Моето прашање е дали можам да доградам тераса во дворот, која што ке биде целосно отворено, но покриена со настрешница, која што би не заштитила од разното ѓубре, па дури и тврди предмети кои се фрлаат од погорните спратови. Ве молам да ме информирате дали треба да бараме одобиеме од општината и доколку треба, подетално да ми ја објасните постапката за добивање на ваквото одобрение за доградба на отворена тераса со настрешница. Однапред Ви благодарам Со почит, Маја Стојановиќ

Статус: Решен
Тип на барање: останато

 
Одговор

16.07.2013 во 11:43:11

Почитувани, Ве замолуваме да се обратите до СЕКТОРОТ ЗА КОМУНАЛНИ РАБОТИ, УРБАНИЗАМ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, секој понеделник и вторник од 9 до 11 часот, како би ги добиле сите потребни информации за поставување на настрешницата. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by