20 Мај 2024 - 02:09:37

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

16.07.2013 во 14:07:09

Ве молам да ме известите дали е во ред што осветлувањето на кошаркарското игралиште во ОУ Лазо Ангеловски работи цела ноќ, што подразбира и галама до утринските часови. Со оглед на фактот што живееме во непосредна близина ни пречи галамата. Молам ако постои начин да се ограничи осветлувањето а и пристапот во училишниот двор до некое разумно време навечер. Исто така сакам да укажам дека и просторот околу таканаречената карпа која се монтираше во дворот на училиштето се посипа со каменчиња кои што децата кои седат тука до касно навешер ги користат за фрлање по колите кои ги паркираме на паркингот веднаш позади карпата, со што ни прават штета. Молам просторот да се очисти од камења и посипе со некој посоодветен материјал. Во очекување на Ваш одговор

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

07.08.2013 во 14:37:23

Почитуван г. Димитар Чичов, Во врска со Вашата порака испратена до Општина Аеродром, која се однесува на осветлувањето на кошаркарското игралиште во ОУ „Лазо Ангеловски“ и на карпата монтирана во училишниот двор, Ве информираме дека веднаш по добивањето на Вашата порака, од страна на Одделението за комунални работи на Општина Аеродром беа преземени активности за соодветно регулирање на тајмерот за осветлувањето на наведената локација. Меѓутоа, Ве информираме дека Општина Аеродром се соочува со проблеми поради тоа што определени лица самоиницијативно го менуваат времето за осветлување во постоечкиот механизам за регулирање, за што од страна на стручните служби во Општината соодветно се реагира во континуитет. Во врска со карпата поставена во училишниот двор на ОУ „Лазо Ангеловски“, Ве информираме дека Општина Аеродром ќе го запознае директорот на ОУ „Лазо Ангеловски“ со проблемот наведен во Вашата порака, а за преземените активности од страна на директорот ќе Ве информираме дополнително. Ви благодариме што го користевте ГСЦ

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by