20 Мај 2024 - 00:12:45

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

17.07.2013 во 16:16:27

До Градоначалникот на Општина Аеродром Многу ме интересира до кога вбработените од паркови и зеленило ќе не малтретираат во утринските часови секој ден па дури и во саботи и недели и празници со моторните косилици во летниот период, а со дувалките за собирање лисја во останатиот дел од годината. Не можам да сфатам дали градоначалникот на општина аеродром се запрашал зошто мора со толку бучни направи да се одржуваат парковите и паркинзита. Уште ме интересира до кога ќе остане контејнерот на паркови и зеленило на општина аеродром и дивоградбата на паркови изеленило во центарот на населено место во населба Јане Сандански. Ова сето го пишувам за да се отстранат непромислените работи на претходниот градоначалник на општина аеродром, односно да ни овозможи градоначалникот во мир да си го поминуваме викендот а не да слушаме моторни косилки кој се поправаат ,клепање на лопати и мотики разни викања од страна на вработените, тропањето на кантите додека се влечат по бекатонот,и сето тоа уште во утринските часови (работното време во летниот период им почнува во 06 часот). Се надевам дека Градоначалникот или некој од неговите одговорни ќе превземат нешто и ќе ни овозможат мирни утрински денови посебно сега во летниот период кога прозорите остануваат отворени. Мој предлог е да се дислоцира контејнерот и дивоградбата подалеку од место за живеење, затоа што населбата јане сандански и ново лисиче е навистина проектирана за еден мирен и спокоен престој во сопствените станови , навистина е штета во една таква населба да се пореметува спокојството. За овој проблем неколку пати сум реагирал преку телефон во текот на целата годин но од надлежните нема никаква полза. Со надеж дека ова ќе биде сватено сериозно и на крајот ќе можеме на мир да поспиеме за викендот односно во мир да си го испиемеме утринскопто кафе, ве пздрвувам и Ви поскувам успешно водење на општината како што го правите до сега.

Статус: Решен
Тип на барање: останато

 
Одговор

18.07.2013 во 16:18:16

Почитувани, Нашите сезонски работници работат со одредена динамика и со однапред определен план, се со една и единствена цел чиста и зелена Општина Аеродром.. Тоа значи дека во одреден временски период се коси, или се собираат суви листови, а потоа машините се пренесуваат на друга локација во општината. Пунктови на ЈП Паркови и зеленило, но и на Општина Аеродром има на повеќе локации низ целата општина. Ви благодариме, што го користевте гртаѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by