09 Мај 2024 - 01:45:24

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

22.07.2013 во 15:37:28

Почитувани, Ве известувам дека крајниот дел од станбената улица Коста Новаковиќ после раскрсницата со ул. Владимир Комаров која навлегува во стамбените блокови од бр. 40 - 48 се наоѓа во многу лоша ситуација. По целиот тој дел може да се видат големи, широки, на некои места и длабоки ударни дупки. Улицата не е санирана со години, а станарите кои живеат во овој дел од улицата секојдневно возат по дупки додека не се излезе на раскрсницата со ул Владимир Комаров. Утрово видов дека се врши санација на улицата позади Градинката Изворче, Црквата Свети Илија и Поликлиниката Јане Сандански што ме охрабри да ви пишам и да ве известам за тековната ситуација на улицата. Ви благодарам на разбирањето. Со почит, Стојан Тоше Николовски

Статус: Одговорено
Тип на барање: Санација на ударни дупки и прекопи на собирни улици

 
Одговор

23.07.2013 во 10:37:16

Почитувани, Ве информираме дека во тек е избор на фирма која ќе ги санира ударните дупки и прекопи на територија на Општина Аеродром. По потпишување на договорот и овие дупки ќе бидат санирани. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by