08 Мај 2024 - 22:05:56

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

22.07.2013 во 15:51:55

Почитувани, Ве известувам дека блоковското зеленило помеѓу зградите на станбената улица Коста Новаковиќ после раскрсницата со ул. Владимир Комаров, поточно помеѓу стамбените блокови од бр. 40 - 48 се наоѓа во многу лоша ситуација. Поради ненаводнување на тревниците и дрвата, тревникот е целосно исушен, лисјата на дрвата се прерано пожолтени, а кај некои дрва има појава на нивно сушење (видливо е по гранките). Проблемот со наводнување не е решен со години и покрај пристап на шахти кои порано ги користеа за оваа намена работниците од ЈП „Паркови и зеленила“. Зеленилата пред 20 години се наводнуваа со црева, но проблем беше неконтролираното трошење на вода. Во меѓувреме градските власти проблемот со наводнување на зеленилото во жардињерите поставени на булеварот Јане Сандански го решија со поставување на систем на наводнување со прскалки кои ги вклучуваат нивни работници. Ефектот е видли и тревниците се зелени и во овој период од годината. Се надевам дека и други граѓани го имаат пријавено овој проблем. Одржувањето на блоковските зеленила и зачувувањето на дрвјата е од големо значење по здравјето на луѓето посебно во летните денови кои нудат разладување во вечерните часови. Со желба што поскоро да се изнајди решение со проблемот на наводнување на блоковското зеленило во Општина Аеродром. Ви благодарам на разбирањето. Со почит, Стојан Тоше Николовски

Статус: Одговорено
Тип на барање: Уредување на блоковското зеленило

 
Одговор

23.07.2013 во 10:41:53

Почитувани, Ве замолуваме да се обратите преку Град Скопје, на нивниот инфо центар до ЈП Паркови и зеленило, бидејќи ти се одговорни и надлежни за одржување на парковско зеленило и хидрантите во градот Скопје. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by