08 Мај 2024 - 15:00:05

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

29.07.2013 во 03:31:45

Здраво, кога ќе се решуи проблемот со НЕПОДНОСЛИВИОТ ЧАД кој доаѓа од Депонијата вардариште? Во делот на Ново Лициче и Тодор Чангов има НЕПОДНОСЛИВ ЧАД кој навистина на граѓаните од овој дел не им дозволува ниту да спијат, незнам колку е штетен по здравјето но јас лично имам проблеми со дишењето од овој НЕПОДНОСЛИВ ЧАД. Депонијата можеби физички не се наоѓа во општина Аеродром но ние граѓаните имаме проблеми со оваа депонија, ни ја нарушува убавата природна средина и ги става во сенка сите оние убави проекти кои се за ректеација во нашата општина, особено покрај Вардар. Во мое лично име и на сите револтирани граѓани од овој НЕПОДНОСЛИВ ЧАД Ве замолуваме да превземете конкретни мерки во ваша надлежност, доколку е потребно и ние како граѓани од овој реон Ви стоиме на располагање со цел да го снема еднаш за секогаш овој проблем што се развлекува со години. Ви благодарам за разбирањето. Со почит Анѓелковски Горан.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Диви депонии

 
Одговор

29.07.2013 во 13:15:42

Почитувани, Нашата инспекција е известена за непријатниот чад и мирис кој се случи вчеравечер. Тие Ве уверуваат дека ќе ги преземат сите активности во рамките на нашите законски надлежности, но исто така Ве информираат дека ќе бидат известени и сите надлежни институции кои се засегнати со овој проблем. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром. п.с за ова пишуваа и нашите медиуми http://www.plusinfo.mk/vest/100906/Chad-od-zapaleni-gumi-gi-zadushi-zhitelite-na-Lisiche

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by