18 Мај 2024 - 12:59:11

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

01.08.2013 во 15:46:52

Почитувани, Ова барање се однесува на паркинг зоната D3. Мислам дека општина Аеродром треба посериозно да се позанимава со начинот на кој што е регулирано зонското паркирање. Имено, поради начинот на кој што треба да се паркираат возилата според ознаките оневозможено е да се излезе со возилото бидејќи се повеќе и повеќе е исполнета со возила средината на двете коловозни ленти на паркингот. Сметам дека од интерес на општината е задоволството на граѓаните на општината Аеродром и поради тоа ургентно е да се регулира наплаќањето по средината на двете коловозни ленти на кои нема ознаки за паркирање а сепак се толерира паркирањето и се врши наплата. Во ваков случај излегува дека просторот се узурпира само за профит на оние кои менаџираат со паркинг просторите притоа не водејќи сметка за ефективноста од него.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

06.08.2013 во 10:16:17

Почитувани, Ве замолуваме овој проблем да го пријавите во ЈП Градски паркинг , бидејќи ингеренциите за одредување на местата за паркирање се во нивна надлежност, како би преземале соодветни мерки преку своите вработени. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by