18 Мај 2024 - 14:51:31

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

06.08.2013 во 14:10:20

Ме интересира што стана со барањата да се реши проблемот со паркирањето кај катниот паркинг во Ново Лисиче, бидејќи сеуште возилата од Аеродром се паркираат пред нашата зграда. Гледам се фалите со нови бесплатни паркинзи, а старите проблеми остануваат. Неколку пати е побарано од наша страна да го решите проблемот, и ЕКО ДОМ како управител има поднесено барање до вас, но сеуште ништо не е направено. Не може некој што живее во Аеродром, своето второ возило да го паркира пред наша зграда (само за да не плати паркинг), исто така и лицата кои доаѓаат на работа во Аеродром да паркираат на овој паркинг, а ние да немаме каде да паркираме. Кога се правеше катниот паркинг, ни беше кажано дека се прави за жителоте од нашата зграда, но испадна дека цел Аеродром паркира тука, само ние не можеме да најдеме место. Сите си ги зафатиле сенките на приземниот дел, на сите возила има прашина, што значи дека не ги возат, а ние ке вртиме кругови да најдеме место. Или сега, решение ке биде, да паркираме кај авионот... Навистина нема смисла што воопшто со прст немате мрднато за решавање на проблемот. Се надевам дека овојпат нема да добијам само одговор дека барањето е проследено до комунална инспекција и толку од тоа. Треба инспекцијата да излезе и на терен да види за што станува збор. Имајте пријатен ден

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

07.08.2013 во 14:16:17

Почитувани, Неколку пати поминуваат нашите екипи од комунални редари и инспектори и имаат направено увид ,но немаат законско право некому да му наложат каде ќе се паркира. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by