18 Мај 2024 - 14:04:16

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

12.08.2013 во 14:27:08

Почитувани, Бидејќи повеќе немам каде да се обратам, еве Ве контактирам и вас, со цел бар некој да помогне во нашите проблеми. Имено се работи за зграда на Авној 54, каде што со новиот закон за станбено домување, се договоривме управител да биде фирмата Станбен Сервис. Првата година се одеше како што треба, но веќе втората почнаа вистински и сериозни проблеми. Пред неколку месеци, фирмата Станбен Сервис за право си зема да ни ја исклучи целата струја во заедничките простории, лифт и светло. Изговорот беше дека многу од станарите не плаќале редовно, па за да им дојде памет, така се одлучиле да направат. Иако ние што и три месеци однапред си ги плаќаме сметките, тие беа глуви за нас. Поентата за да најмиме таква фирма беше, баш заради тоа, тие што плаќаат да не страдаат, а тие што не плаќаат, Станбен Сервис со правни механизми, извршители итн. да ги принудува и на тој начин да си ги наплаќа сметките. Се случи глупост, односно од заради тие што не плаќаат и плаќачите да страдаат заради нив, затоа што Станбен Сервис не постапува по правилникот што сама си го изготвила, и на кој сите сме се сложиле. Тоа помина (скоро три недели немаше струја). Денес се соочуваме со сличен проблем. Веќе еден месец во зградата не работи лифтот, и фирмата која беше задолжена за хигиената, повеќе ја нема. Се јавив во фирмата која го одржува лифтот, ми кажаа дека повеќе не го одржуваат, затоа што Станбен Сервис не им префрлил пари веќе 6 месеци. Се јавив и во фирмата задолжена за хигиена, и ми кажаа истото - Станбен сервис не платила 6 месеци. Се јавив и во Станбен Сервис и добив дрзок одговор дека ќе пратат чистачка и мајстор за лифт.. но попусто, ветувањето беше пред две недели и ништо не се случи. Ве молам за помош бидејќи кај и да е ќе се створат некои болести на ова топло време, во зградата е хигиенски хаос, за лифтот незнам веќе што да правиме... Стварно нема смисла, ние на 9ти спрат со две мали деца и платени дури и однапред сметки, овака да страдаме. Ве молам уште еднаш за помош. Поздрав, Ристе

Статус: Одговорено
Тип на барање: Хигиената во населените места: градежен шут и отпад

 
Одговор

19.08.2013 во 12:37:54

Почитувани, Инспекторот за домување ќе провери и ќе се обрати до Станбен сервис. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by