18 Мај 2024 - 10:57:00

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

12.08.2013 во 15:07:13

Почитувани, Истово барање го праќам по втор пат. На претходното не добив одговор. Ве молам да преиспитате, дали е нормално осветлувањето на игралиштето за кошарка во дворот на ОУ Лазо Ангеловски да работи цела ноќ и да биде дозволено движење низ дворот на училичтето цела ноќ. Од игралиштето има галама до утринските часови и не е нормална атмосфера за спиење на нас кои живееме во близина. Исто така молма да се испита дали е нормално просторот околу дрвениот ѕид во дворот на истото училиште да биде посипан со камења како подлога. Како прво тоа не е заштита ако некој падне, а втор од страна на децата кои тука претстојуваат се користат за фрлање и често завршуваат во нашите автомобили, кои се паркирани во непосредна близина

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

14.08.2013 во 09:11:01

Почитувани, Игралиштето е под надлежност на ОУ Лазо Ангеловски и Ве замолуваме да се обратите до менаџерскиот тим на училиштето. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by