18 Мај 2024 - 10:56:59

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

13.08.2013 во 09:40:46

Почитувани, Честитки за поволностите кои ги нуди проектот на Владата на Република Македонија „Купи куќа купи стан“, но како истиот да биде искористен доколку општините не носат Детални урбанистички планови. Мојот сопруг е сопственик на плац од 400 м2 КП 1085/10 КО Кисела Вода 2 во Долно Лисиче но според Општ акт одлука 23-2086/2 од 09.07.2010 година, намената за градба е лесна и незагадувачка индустрија односно во место каде се изградени инвидуални стамбени куќи кои се предмет на легализација а голем дел се легализирани во моментов не може да се гради куќа, (освен ако како многу кои градат незаконски во моментов ја користат неажурноста на овластените инспектори за градење во општината кои очигледно излегуваат на терен не по службена должност туку по пријава на граѓани). Како долгогодишни потстанари неможеме да го искористиме проектот погоре наведен и трајно да го решиме стамбеното прашање.Се надевам дека носењето на ДУП од страна на општината порано од предвидениот рок во Законот за бесправно изгрдени објекти ќе ни помогне нам и на многу други семејства да го решат стамбеното прашање. Околу наведеното барам средба со Градоначалникот на општина Аеродром.

Статус: Одговорено
Тип на барање: барање за средба со градоначалникот

 
Одговор

14.08.2013 во 11:42:48

Почитувани, Ве замолуваме да се јавите на тел.2 401555 за закажување на средба со градоначалникот. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by