18 Мај 2024 - 08:48:12

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

14.08.2013 во 11:14:39

На 12.08.2013 на моето барање: Ме интерсира каде може да се добие ДУП за наслеба Лисиче Урбан блок 1 и 2. Дали може да ми бидат пратени во pdf формат на е-маил бидејќи од непознати причини ја нема на вашиот сајт. Со почит, Вие одговоривте: Почитувани, Сите донесени ДУП-ови се поставени на нашата веб-страница. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром. Ако сте ИСО 9001 сертифицирана институција, под квалитет на услуга се подразбира комплетна информација. Вие ми давате одговор дека сите донесени дупови се на вашата страна а ДУП-от за наслеба Лисиче Урбан блок 1 и 2 донесен со одлука на Совет на општина Аеродром број 07-8/3 од 31.01.2005 година го нема на вашата страна. Затоа: 1. Ве замолувам за точна и комплетна информација 2. Во иднина потрудете се да бидете точни и прецизни бидејќи трошите наше и ваше време. Со почит, Прилог листа на дуп кои се на вашата страна: Црква УЕ Б Горно Лисиче УЕ Д Јане Сандански УЕ Г Мичурин УЕ А Реонски Центар УЕ А Блок 1 и 2 Црква УЕ А Горно Лисиче УЕ З Индустриска Зона УЕ A Индустриска Зона УЕ В Индустриска Зона УЕ Б Ново Лисиче УЕ А Ново Лисиче УЕ Г Скопјанка УЕ А

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

14.08.2013 во 14:14:05

Почитувани, Значи ДУП-от кој го барате е стар и не е во pdf формат, зашто е донесен уште од општина Кисела Вода. Нашите служби вложуваат напор да се стават и тие во соодветен формат.Додека не се заврши со оваа процедура ве замолуваме да дојдете во соба бр.1. во понеделник или во вторник од 09:00 до 11:00 часот да направите увид во ДУП-от и консултација со службите. Ви се извинуваме , што во претходниот одговор не ви нагласивме дека старите планови не се во pdf формат. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by