18 Мај 2024 - 09:56:04

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

16.08.2013 во 18:38:18

Почитувани Како жител на оваа општина а воедно и станар на Бул. В.С.Бато 44-1/13, Ви се обраќам со цел да се разгледа проблемот со осветлувањето на ул.1612 на која што се наоѓаат и главните излези од новоизградените - градинка Сонце и новото училиште и осветлувањето на просторот помеѓу зградите каде што се наоѓаат детските играчки Проблемот нема да биде толку голем ако во вечерните и ноќните часови не се случуваат кражби по паркираните возила и тоа континуирано, а за ова е известена и надлежната полициска станица Аеродром но од таму ни кажуваат дека прават напори да тој проблем се намали па и реши но немоќни се затоа што овој дел е неосветлен и воопшто неможе да се контролира. Јас лично имам пријавено 4 ( четири ) кражби на гориво и две оштетувања со кражба на моето моторно возило. Проблемот за неосветлените детски играчки исто така си носат проблеми затоа што во доцнежните часови ( деца повозрасни - од 15 год - до 17 год.), на тој локалитет си дозволуваат употреба - пиење на алкохол и како такви во алкохолизирана состојба да ги уништуваат самите играчки со тоа што лупаат по нив, и ги кршат, а со барање од станарите да бидат потивки и да не ги уништуваат играчките тие таканаречени деца стануваат агресивни и со закани ја вжештуваат ситуацијата ( затоа што се во темница и неможе човек да им ги види лицата ). Се надевам дека оваа изјава за кражбите ке биде проверена во полициската станица а воедно и потврдена од Ваша страна со излегување на лице место и да се превземат неопходни мерки за намалување на проблемот со осветлувањето. Поздрав и однапред Ви се заблагодарувам.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Нови линии за јавно осветлување

 
Одговор

19.08.2013 во 14:46:11

Почитувани, Предвидено е да се направи целата инфраструктура заедно со уличното осветлување, а информацијата околу кражбите сигурно ја има ПС Аеродром и ќе превземе соодветни мерки. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by