18 Мај 2024 - 11:58:25

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

19.08.2013 во 00:50:23

Почитувани, Ви пишувам во име на поголема група граѓани во врска со смрдеата на чад и изгорена гума која со недели не престанува во речиси исто време од денот и се повторува со години наназад. Свесни сме за штетноста на горената гума и преопасното труење со неа, свесни сме дека имаше ваков проблем 2006та кога општина Кисела Вода превзема активности оклоу стопирање на користење гума во Цементарница Усје како алтернативно енергетско средство, како и за проблемот лани кој дури доспеа и на националните телевизии.. Тогаш одговри добивме дека се работи за отпад кој доаѓа од Kејот на Вардар во Ново Лисиче, додека пак од ДИ за животна средина ние граѓаните добивем чуден одговор дека мирисот е од асфалтот кој се нанесува. Навистина имаше подсмирување од неколку месеци - но чадот е видлив , а смрдеата е неподнослива и невозможно е дури ниту проветрување на становите. Во моментов има прилично видлив чад при самиот влез од Аеродорм и неподнослива миризба која трае од 21ч. Доста од нас тврдат дека веќе на некаков начин побарале помош или било каква информација од Вас како општина со месеци наназад, некои добиле по некој одговор дека е проблемот од Гази Баба, диви депонии, некои воопшто не добиле информација, но ние сме алармантно загрижени! Ве молиме за инфорамција каде да се обратиме, кои служби би требало да ги известиме да се излезе на терен и да се испита што точно се пали или гори и точно каде. Со оглед на тоа дека е секогаш во ист период од денот ист интезитет - ни алудира на тоа дека сепак се работи за некоја компнија, фирма итн. Уште повеќе сме напнати затоа што се појавува втор случај на сограѓани кои се решаваат да го напуштат домот и да го огласат за продажба (оправдано - имаат детенце кое е асматичар и неможе повеќе да го издржи воздухот) Вемолиме за некој одговор, совет или информација каде да се обратиме. Поздрав Татјана (и граѓани од бул.АСНОМ (авној))

Статус: Одговорено
Тип на барање: Хигиената во населените места: градежен шут и отпад

 
Одговор

19.08.2013 во 14:25:50

Почитувани, Нашите служби реагираа до инспекциските служби на општина Гази Баба и до Министерството за Животна средина да превземат мерки за незаконското палење на смет од Вардариште. Ве замолуваме и Вашето барање да го пратите до инспекциските служби на Гази Баба, до Министерството за Животна средина и до Град Скопје.Доколку не сте во можност можете барањето да го испратите преку архива до нашите служби да го препратат. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by