04 Мај 2024 - 09:56:27

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

21.08.2013 во 16:28:28

Во прилог ви ги проследувам прашањата на кои што не добив одговор. Добив некаков делумен одговор само на првото прашање. Навистина не знам зошто воопшто сте го поставиле сервисов кога не планирате да одогварате на прашањата на граѓаните како што треба. Очекувам одговор по e-mail. Ме интересира што се случува со патот Горно - Долно Лисиче. Зошто повеќе не се работи на него? Чинам требаше за 2 или 3 месеци да биде готов? Навистина несериозно од ваша страна. И онака скоро ништо не правите за руралните подрачја од општината, а и тоа што ќе го започнете не го довршувате. Што се планира со автобусот 33-ка. Кога започна да сообраќа имаше најава дека линијата е пробна и дека во иднина се планира да се зголеми бројот на возења. Некоја конкретна информација? Ме интересира исто за Долно Лисиче (бидејќи планирам да градам) зошто комуналиите изнесуваат 50Е/м2? Тоа е претерано скапо, а што добивам јас за возврат? Треба да размислите за снижување на цените, бидејќи мислам (не сум сигурна) дека се најскапите комуналии во Скопје за рурално подрачје. Да немав веќе плац таму, сигурно немаше да се решам на градба со вакви цени. И за крај, дали воопшто се планира да се донесе урбанистички план за Долно Лисиче? Благодарам, Ана

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

21.08.2013 во 22:19:33

Почитувани, Патот Горно-Долно Лисиче го гради Агенцијата за патишта и од нив зависи текот на градба, денеска се работеше и беше затворена за сообраќај оваа траса, а исто така беше објавено во медиумите. Градот Скопје,има ингеренции над ЈСП и најверојатно кога ќе направат анализи за ефикасноста на оваа линија ќе се произнесат. За конкретен одговор обратете се до ГСЦ на Град Скопје.Комуналиите исто така ги пресметува Град Скопје, па потребно е да се обратите до нивните служби за да добиете точна информација. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by