04 Мај 2024 - 14:22:49

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

22.08.2013 во 21:19:39

Почитувани, живеам на бул. Јане Сандански, на петтиот кат во повеќекатница во која соседите од горните спратови над мојот стан постојано фрлаат отпад од балконите (остатоци од храна, амбалажа, опушоци од цигари и др.). Од ѓубрето се оштетуваат прозорците, ролетните и настрешниците на мојот и останатите станови на долните спратови, поради што, не само што не е возможно користењето и уредувањето на балконите, туку се предизвикуваат материјални трошоци за постојана поправка и менување на оштетените стакла, огради, плочки, за молерисување, фарбање и т.н. Ве молам да ме упатите на служба која е надлежна да интервенира во вакви случаи, за што однапред благодарам

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

23.08.2013 во 10:21:34

Почитувани, Ве замолуваме да се обратите до Претседателот на заедницата на сопственици да закаже состанок и да донесете одлука за редот и хигиената во зградата,на која ќе се придржуваат сите станари. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by