04 Мај 2024 - 07:55:53

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

23.08.2013 во 10:18:04

Почитувани, Ви се обраќам во врска гласна музика од ресторант Рибар во Ново Лисиче . Неможам да сватам како до сега никогаш нема полиција реагирано при пријави за гласна музика .Знам дека според закон временски можат да работат до 01:00 часот, меѓутоа постои и закон за тоа колку децибели смее да биде музиката. Ова неможе да се опише колку е гласно, на 7ми спрат се слуша како да си на свадба . Дури на свадба мислам дека музиката е потивка . Неможе ни да се помисли да се отвори врата во летниот период . Внатре неможе муабет да се прави . Она што неможам да го сватам е како тоа некој го дозволува, и како после толку пријави од комшии никогаш не дојде соодветен инспектор да измери колку децибели генерираат . Да не спомнувам дека секоја втора недела има и тепачки , галами и викање . Ви благодарам на одговорот и се надевам на успешно решение на проблемот . Поздрав Драган Јанев

Статус: Одговорено
Тип на барање: барање за средба со претседателот на совет

 
Одговор

23.08.2013 во 16:17:30

Почитувани, Инспекциските служби, заедно со службите на град Скопје имаат акција и ќе излезат на терен да извршат мерење на бучавата на објектите за кои имаат поднесено барање граѓаните, и во писмена форма и преку ГСЦ. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by