04 Мај 2024 - 15:58:00

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

23.08.2013 во 18:18:21

Почитувани, Имам еден проблем кој од пред неколку години лежи во Општина Аеродром,бар така ми кажаа во Општина Кисела Вода.Купивме плац во Горно Лисиче кој сеуште неможеме да го префрлиме на наше име бидејќи првично беше дека се селат документи од Кисела вода во Аеродром,до тоа да незнаат што да ни кажат.би ве замолил да ме упатите каде би можел да го решам проблемот,бидејќи не би сакал ,а и не би можел да градам ништо на земја која освен во нотарскиот договор никаде на друго место не стои дека е на мое име. Ви благодарам, Александар

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

30.08.2013 во 10:55:08

Почитувани, Префрлањето на правото на сопственост на земјиштето се врши во Агенцијата за катастар на недвижности.Стекнувањето на право на сопственост на земјиштето кое било во сопственост на Р.М. се решава во Подрачната единица на Министерството за финансии која се наоѓа во Општина Кисела Вода барака бр.9. општина Аеродром нема надлежност над државното земјиште и не учествува во одредување на правото на сопственост на земјиштето. ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by