19 Мај 2024 - 13:48:21

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

06.09.2013 во 10:43:46

Почитувани, Како жител и родител на две малолетни деца кои учат во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ - општина Аеродром, сакам да Ви укажам на следниот проблем. Со почетокот на новата школска година секој дневно моите деца (се разбира на децата на други родители) ја поминуваат ул„.Васко Карангелевски“. Имајќи ја во предвид фрекфенцијата на возила, долж наведената улица и непочитувањето на сообраќајните правила од страна на возачите и безбедноста на децата, ве молиме да излезете со конкретно решени со што не би била загрозена безбедноста на децата. пр. со поставување на семафори или поставување на средства за намалување на брзината. Со оглед на загриженоста Ве молам да излезете со Ваше конкретно решение. Ви благодарам.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

06.09.2013 во 15:17:23

Почитувани, Ве замолуваме да се обратите до Град Скопје Сектор за сообраќај бидејќи ингеренциите за оваа улица ги има градот, а воедно и нашите служби ќе пратат барање за изнаоѓање на сообраќајно решение. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by