19 Мај 2024 - 10:41:54

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

10.09.2013 во 21:33:54

Станар од Коста Новаковиќ бр.20/2 13.09.2013 Скопје Забелешка,- До општина Аеродром “Општински Инспекторат”, Скопје Почитувани; Подолго време се прашувам дали е ова неопходно и на крај заклучив дека сепак мора да се направи нешто се со цел да се решат некои работи во зградата бр.2 на ул. Коста Новаковиќ бр20. Имено се работи за следново. Во влезот сме вкупно 16 стана и апсолутно никој со исклучок на еден до два станари не се грижи/интересира за хигиената, безбедноста и одржувањето на заедничките простории. Со оглед на тоа дека ова зграда е направена пред 25-30 години, и подолго време беше одржувана од страна на ЈНА во тоа време и краток период од АРМ после почетокот на осамостујувањето на Р. Македонија, поголемиот дел од станарите го имаат наследено тој така наречен “Паразитски Синдром” и се научени некој друг да се грижи и да му ги одржува заедничките простории. Целата зграда се состои од 4 влеза, и за сите влезови е назначен еден управител кој рака на срце да направи нешто меѓутоа тоа тешко оди. Конкретно, во нашиот влез има доста заеднички работи кои што треба И мора да се поправат пошто се од круциална важност за сите. Од она што можам да видам, а го гледам секој ден, во заедничките простории не е вложено ниту еден денар (овен за поправка на лифтот кој што се расипува секој месец), и според мене не е технички исправен и мора комплетно да се смени. Работи кои што би требало и мора да се решат а исто така е со закон зацртано дека тоа треба така да биде се следниве: 1. Влезната врата не се заклучува Според законот за домување, секој влез мора да обезбеди да има влезна исправна врата која мора да биде заклучена после 2200 часот. Тоа не е случај кај нас. Ова му овозможува не било кој да влезе кога сака и да прави што сака. Во последните неколку месеци, подрумите беа обивани два пати а подрумските скали на некои му служат за вршење на нужда, фала богу само мала. Ова значи дека вратата мора да се оспособи под хитно а што е според законот за домување односно “ Планот за одржување’’ кој што стапи на сила во 2010 година. 2. Заедничкиот ходник, скалите, металната ограда и дрвената облога на неа, не се нитy еднаш окречени/префарбани во последните 15-20 години. Воопшто никој не е заинтересиран за ова. Ова мора да се реши под хитно. 3. Главните водоводни вентили мора да се сменат; во последните 4 недели се случи да два пати се поплавиме поради пукање на пластична боца за притисок сместена не последниот спрат и пуканње на хидрантска цевка. Верувале или, никој не сакаше да повика мајстор само за да избегне плаќање а притоа не водејќи рачун дека тоа може да доведе до поголема штета во и по зградата. И тоа и ќе се случеше ако не повикав да дојде човек да ја запре водата и проба да го идентификува проблемот. Како резултат, водата навлегла во главние осигурачи и сме имале среќа што зградата не се запали; бевме без струја два дена. 4. Прекидачите во ходникот се нон стоп нефункционални, моментално светлото во ходникот не работи и тоа никој не го загрижува. 5. Сите хидрантски црева се покрадени 6. Нема ниту еден ПП-апарат во зградата; според законот мора да има 7. Во ходникот и подрумските/заедничките простории се оставаат непотребни/некорисни работи наместо истите да се исфрлат. 8. Домофонот сеуште функционира ама е во катастрофална состојба 9. Поштенските сандачиња треба или да се заменат или поправат 10. Фрлањето на ѓубре/чорби, хартии и шишиња е рутинска навика на некои станари. 11. Пајажини во заедничките простории има на секој ќош и чекор; фирмата која што моментално обезбедува чистење, не ги задоволува не суб-потребните стандарди. Уште еднаш би сакал да напоменам дека сите горе-наведни работи се обврска не сите станари во влезот и се пропишани во правилникот/планот за одржување на станбени згради и станови (член 1 до 11), и дека мора да се одржуваат во корист на истите станари. Нажалост, ова не е случај со нашиот влез. Во неколку наврати е свикуван состанок, и секогаш се истите луѓе 8 до 9 од вкупно 16 и никогаш ништо не се решава. Како загрижен станар, би сакал да апелирам доколку има можност да се направи проверка на сите горе наведени работи и да се некако наложи на сите станари да се соберат по одредена сума на пари 300-400 евра па и повеќе како би се решиле сите неисправности и да нема никакви главоболки во наредните 10 години. Месечното плачање од 400 ден кое што сме обврзани да го измируваме не е доволно за ова а згора на сето и не го плаќаат сите. Ве молам да се превземе нешто во најкраток можен рок а би бил најсреќен кога место управител би имале фирма која што ке биде одговорна за одрзување на заедничките простории. Со почит Станар од Ул, Коста Новаковиќ бр.20 влез 2

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

11.09.2013 во 09:18:27

Почитувани, Сите овие проблеми потребно е да ги изнесете на состанок на кој ќе присуствуваат сите станари, и заедно да донесете одлуки кои ќе ги почитувате, исто така дали ќе биде фирма или управител потребно е заеднички да одлучите. За оние кои не ги плаќаат сметките потребно е упрвителот да поднесе тужба доколку не се договорат. Инспекторот за домување може само да изрече опомена, но не може да казнува.Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by