19 Мај 2024 - 13:09:42

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

20.09.2013 во 09:20:42

Почитувани, НЕ бев сигурна на кое барање да одам, но некако ова ми се виде најсоодветно. Живеам во населбата Лисиче, и секојдневно како моето така и останати речиси половина од вкучните 700 ученици кои учат во ОУ Димитар Македонски, го преминуваат булеварот 12-та Македонска Бригада. На пресекот на булеварот со ул. Архитект Сотир Томовски (бивша Бошко Буха) се случи сообраќајна незгода каде беше повредено девојче и однесено со кршеница со Итна помош. На тој премин секојдневно поминуваат деца најмалку 2-4 пати во текот на денот. ВЕ МОЛАМ ДА ГО РАЗГЛЕДАТЕ ПРОБЛЕМОТ, ЗЕМЕТЕ СЕРИОЗНО ВО ПРЕДВИД, да се реши со семафор за пешаци. На булеварот се вози очајно брзо, децата немаат сопирачки нели !!! Единствен начин е поставување на сигнализација која можеби ќе помогне. Доколку е потребна иницијатива во пишана форма како барање или петиција, или се однесува на друг тип на барање, за друг сектор Ве молам да ме преупаите. Апелирам на совесното и одговорно работење на Општината која постигнува постојано нови успеси и ги зема совено во предвид барањата на граќаните, посебно кога се работи за живот на децата. Ви благодарам.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

20.09.2013 во 10:35:48

Почитувани, Ве замолуваме да се обратите до Секторот за сообраќај на град Скопје, бидејќи градот има ингеренции над булеварите. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by