18 Мај 2024 - 10:15:19

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

03.10.2013 во 20:38:42

Почитувана Општина Аеродром Имам две деца кои учат ви ОУ Ѓорѓија Пулевски и се трето одделение.Веќе трета година се соочуваме со проблемот ТОАЛЕТ. Тоалетите од лани се целосно реновирани и се во одлична состојба ,но одржувањето е катастрофа. Јас како родител до сега можам на една рака да избројам кога тоалетите биле во солидна состојба.Жално е за една ваква цивилизирана општина да се соочува со ваков проблем.Во училиштата сепак учат наши и Ваши деца кои се иднината на оваа држава за која Премиерот силно верува. Ве молам јас навистина незнам каге да се обратам и незнам до каде е проблемот. ужас. Од вчера е пуштена и спортската сала која во својот состав има и тоалети и на влезот од истата е напишано НЕ ПУШТАЈ ВОДА ВО МАШКИОТ ТОАЛЕТ. Во машката солекувална не беше можно да се диши од одвратната смрдеа.Искрено се надеевам дека како институција ќе излезете на терен и ќе се уверите и самите дека во тоалетите е ужас. Со надеж за брза реакција за поплаката, Срдечно Ве поздравувам

Статус: Одговорено
Тип на барање: образование

 
Одговор

16.10.2013 во 13:55:42

Почитувани, Има дефект кој ќе биде отстранет од ЈП Водовод и фирмата која е задолжена за изведба на тоалетите. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by