04 Мај 2024 - 14:26:55

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

16.10.2013 во 09:16:55

Тотална срамота и греота а да не зборувам за залудно трошење на парите од граѓаните е кога гледаме како неквалитетно и фушерајски се прават работите, како во онаа народната „држи буре вода..“Станува збор за новопуштениот во промет пат Горно-Долно Лисиче, со црвени ленти, камери, министри градоначалници.И по 15 дена употреба, попушти лепенката која збрда -здола ја лепеа од страните на патот, асфалтот пропадна -тоа е тоа, би свадба помина, патот е божем проширен , караванот си врви кучињата си лаат. Таман помисливме се спасивме од патот-хорор, тоа само сме сонувале. Ниту сте мислеле на квалитет ниту сте сакале да го овозможите.Да не зборувам за ударните пропаднати прекопи кај почетокот на мостот над пругата кај Горни Лисиче и нешто погоре кои колку и да маневрираш, не можеш да утнеш, а да не ги погодиш, кога еве сега и пред училиштето Гоце Делчев нова ударна дупка.Знаеме дека ништо нема да направите, ама ние мораме да кажеме зошто во спротивно ќе не гризе совеста.Поздрав, (не)продолжете така

Статус: Одговорено
Тип на барање: Санација на ударни дупки и прекопи на собирни улици

 
Одговор

16.10.2013 во 12:22:35

Почитувани, Патот Горно-Долно Лисиче го превеше Агенцијата за патишта, затоа Ве замолуваме Вашето барање да го препратите до нивните служби. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by