04 Мај 2024 - 11:20:34

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

18.10.2013 во 15:08:31

Почитувани, Живееме во ул. Аврора (Кресна) бр. 12а, населба Лисиче, тесна улица во крајно лоша состојба, со длабоки дупки и распаднат асфалт, а тротоарите се буквално ископани со земја, песок и камења на кои се сопнуваме,а во дождливо време, пропѓаме во кал. Имаме 90годишна мајка која има желба за живот и поблизок контакт со околината, но невозможно е да ја изнесеме со нејзината ортопедска количка токму поради тие дупки кои постојано ја онеспособуваат за движење. На аголот на улицата има огромен куп на смет каде поминуваат децата од блиската градинка и претставува срам во населба која е само на три километри од центарот на главниот град. Во населбата нема ниедна кошница за отпадоци, ниедна чешмичка. Вашите напори за да ни овозможите по пријатна околина за живеење се очигледни и за поздравување, но верувајте, овие мали забелешки се од големо значење. Мојата почит, Оливера Чемкова

Статус: Одговорено
Тип на барање: Санација на ударни дупки и прекопи на собирни улици

 
Одговор

18.10.2013 во 15:37:33

Почитувани, Вашето барање ќе биде препратено до надлежните служби. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by