04 Мај 2024 - 09:53:57

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

20.10.2013 во 15:49:33

Почитувани, Ви се обраќам во врска со автобуската постојка каде што се наоѓа нашата зграда. Се работи за постојката веднаш спроти трговскиот центар Три Бисери, помеѓу постојката на Тобако 2 и онаа кај МекДоналдс. Таа пред речиси една година беше искршена, бидејќи во неа удри возач кој излета од патот. Веднаш потоа целата конструкција на постојката (црвената стреа) беше извадена и оттогаш постојката стои празна, без стреа. Честопати се случува да немаме каде да се засолнеме кога врне додека чекаме автобус. А и некако не делува убаво естетски вака. Сепак населбата ни е толку убава, греота е да и’ фали нешто, и функционално и естетски. Мојата молба е, кога ќе сте во можност, да го разгледате ова барање, со надеж дека ќе ни излезете во пресрет во блиска иднина. Однапред благодарна, Со почит, Соња Кутузовска

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

30.10.2013 во 11:14:41

Почитувани, Ве замолуваме да се обратите до граѓанскиот центар на Град Скопје бидејќи градот е надлежен за булеварите и нивното уредување. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by