04 Мај 2024 - 08:17:30

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

30.10.2013 во 09:47:46

Почитувани, Живееме во ул. Аврора (Кресна) бр. 12а, населба Лисиче, тесна улица во крајно лоша состојба, со длабоки дупки и распаднат асфалт, а тротоарите се буквално ископани со земја, песок и камења на кои се сопнуваме,а во дождливо време, пропѓаме во кал. На аголот на истиот дел од оваа улица има огромен смет каде поминуваат децата со родителите од градинката што претставува срам за населбата која е на само три километри од центарот на главниот град. Воедно, улицата нема осветление веќе подолго време што е вистински хорор во ноќните часови. Имаме 90годишна мајка која има желба за живот и поблизок контакт со околината, но невозможно е да ја изнесеме со нејзината ортопедска количка токму поради тие дупки кои постојано ја онеспособуваат за движење. Вашите напори за да ни овозможите по пријатна околина за живеење се очигледни и за поздравување, но верувајте, овие мали забелешки се од големо значење. Мојата почит, Оливера Чемкова тел.244 35 42 // моб.: 070/250 843

Статус: Одговорено
Тип на барање: Санација на ударни дупки и прекопи на собирни улици

 
Одговор

30.10.2013 во 16:07:22

Почитувани, Во планот не е предвидено асфалтирање на ул. Аврора, затоа Ве замолуваме да поднесете написмено барање до Одделенито за комунални работи преку архива со што би влегла во планот и оваа улица. За подетални информации може да се јавите на тел. 2401533. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by