18 Мај 2024 - 17:58:21

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

12.11.2013 во 12:47:23

Почитувани, Почнувајќи од оваа учебна година мојот син посетува настава во ОУ Ѓоргија Пулевски.Бидејќи живееме во делот од населбата кај ТЦ Три бисери и секојдневно ја преминуваме улицата Васко Карангелески морам да алармирам на огромниот проблем што секојдневно го имаме при преминувањето на улицата.Возилата возат со огромна брзина и НИКОГАШ АМА БАШ НИКОГАШ во изминатиов период од неколку месеци не се почитува правилото на поминување на пешачки премин.Буквално се надмудруваме со возачите кога да преминеме и секогаш тоа е со ризик да бидеме прегазени.Мислам дека преминувањето на улицата без придружба на возрасен е незамисливо дури и за децата од погорните одделенија.Апелирам општината најитно да преземе мерки од своја надлежност за поставување барем на еден пешачки семафор на средината на улицата како би имало поголема сигурност и безбедност при преминувањето на истата.Доколку тоа не е во надлежност на општината да се апелира до градот или друга надлежна институција додека не се случила несреќа со сериозни последици.А ако не се интервенира за решавање на овој проблем не е прашање дали, туку кога ќе се случи такво нешто.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

18.11.2013 во 10:46:24

Почитувани, Нашите служби ќе испратат барање до град Скопје, воедно Ве замолуваме и Вие да го препратите Вашети барање до сервис центарот на Град Скопје, односно до секторот за сообраќај на Град Скопје. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by