04 Мај 2024 - 23:38:13

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

19.11.2013 во 08:23:07

Почитувани, Ви се обраќам со барање за ваша итна реакција за отстранување на уличните кучиња во околината на Поликлиниката Јане Санданки и училиштето Љубен Лапе. Причината за ваквото барање е случката од утрово кога ученик од 11-12 години беше нападнато и искасано од улични кучиња во близината на поликилиниката на пат до училиште. Среќа што во близна се наоѓаа повеќе повозрасни граѓани кои му притирчаа на помош на беспомошното дете и спречија последиците да бидат уште полоши. На овој потег секојднево се движат голем број на деца и возрасни така да ваквиот настан може многу лесно да се повтори пошто оваа глутница на кучиња веќе подолго време се движи во овој реон. Ве молам за ваша итна реакција за хумано решавање на овој проблем преку одстранување на кучињата од овој простор пред тоа да го направи некој лут родител на друг начин. Со почит,

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

21.11.2013 во 14:51:05

Почитувани, Ве замолуваме да се обратите до шинтерските служби на Град Скопје на тел 820 13 15, бидејќи ингеренциите за кучињата скитници се на градот. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by