05 Мај 2024 - 09:33:37

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

10.12.2013 во 22:41:43

Почитувани,живеам на Бул.Авној 42-2-8 Комшиите под мене ми побараа да сменам цевка што се наоѓа во нивното купатило. Таа цевка излегува од мојата када, и друга помала од моето лабаво (тоа се големи надворешни цевки), и двете пред да влезат во главната цевка (но во нивниот стан) протекуваат, се р'госени, бигоресени, т.е цевките се дотраени, може имаат и над 30 години од како е правена зградата. Во моето купатило нема никакво протекување, поплава што може да им нанесе штета на нивниот плафон. Тие ми кажаа дека таа цевка јас сум ја користела, дека била затната од мое ѓубре, и дека јас треба да им ја платам. Јас пак побарав од комшиите над мене да ми ја платат таа што излегува од нивната када,затоа што и кај мене исто е така, а тие ми одговорија дека такво нешто немам право да побарам, затоа што цевката е во мој имот,и дека тоа е дотраено употребно добро, а тоа што излегувало од кај нив не било битно. Комшиите под мене ми повикаа полиција затоа што не им плаќам. И се заканија дека ќе ме тужат. Мене ме интересира дали може да добијам точни информации кој е во право,или да добијам некоја потврда за тоа кој е во право(каде да се обратам?) Ако имаат законски право да ми бараат пари за цевката, тогаш да можам и јас да побарам од комшиите над мене. А ако немаат да можам да им покажам лист, документ дека немаат право. И ако некој издаде таква потврда дали и колку ќе чини тоа?

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

16.12.2013 во 14:05:28

Почитувани, Потребно е да закажете состанок со претседателот на заедница на сопственици и сите станари да решите на кој начин ќе ги решавате и отстранувате ваквите дефекти и дали ќе плаќате од резервниот фонд или секој посебно, доколку и понатаму постојат проблеми тие ќе се решаваат со судска постапка. Ви благодариме,што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by