05 Мај 2024 - 05:05:37

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

13.12.2013 во 10:51:12

Почитувани, Во текот на минатата недела екипи на ЕВН поправаа дефект на струен кабел. Од нивна страна беше поставуван нов кабел, покрај ивицата на тротоарот. Фирмата која работеше на проектот беше АДС (како што се претставија работниците), фирма која ги изведувала ваквите работи за ЕВН. По завршување на работите тие ја затрупаа дупката и каналот и заминаа. Веќе неколку дена овде е оставен целиот градежен шут и земја (делови од ивичњак на тротоар, големи блокови искршен бетон, наполнета шахта зо земја, купови камења и земја). Исто така и дел од улицата и тротоарот кои беа во одлична состојба се уништени и отворени, каде веќе се прават дупки и се разнесува кал. Да напоменам дека овие работи се само месец дена по општинските реновирања на улицата Црноризец Храбар во Населба Лисиче. Бидејќи секој треба да си ја поправи својата штета и да си сноси одговорност за сработеното го праќам ова барање до Вас и Вашите надредени со цел да им укажат на одговрните да си ја санираат целокупната штета која е направена во најкраток рок да не се зголемува штетата на улицата. Однапред Ви благодарам, ИП

Статус: Одговорено
Тип на барање: Хигиената во населените места: градежен шут и отпад

 
Одговор

16.12.2013 во 14:01:43

Почитувани, Ве замолуваме пред се, да се обратите до ЕВН да превземат мерки за враќање на првобитната состојба на теренот на кој работеле , а нашите инспекциски служби ќе испратат ургенција до ЕВН. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by