27 Април 2024 - 22:33:39

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

05.02.2014 во 08:31:43

Почитувани, ние сме група на граќани кои живеат на ул. Венијамин Мачуковски и нашите деца во септември 2014 година треба да почнат да одат во училиште. Најблиско училиште е Блаже Коневски. Заинтересирани сме да добиеме информации за тоа какви можности нуди училиштето (класична настава, целодневна или дневен престој), какви се условите и предностите на секој од овие начини на настава, периодот на посетување на наставата и потребните средства за секој од овие начини на настава, програмите за работа во секој од овие начини и сл. За таа цел би сакале да оствариме средба со претставник на општината или училиштето од кој би ги добиле наведените информации, па поради тоа Ве молиме да не упатите кај соодветна личност и ако сте во можност да ни посочите термин во кој може да се оствари средбата. Однапред благодарни

Статус: Одговорено
Тип на барање: образование

 
Одговор

10.02.2014 во 16:05:17

Почитувани, На ден 05.02.2014 година, до Општина Аеродром, од Ваша страна е доставена електронска порака, со која се интересирате околу тоа какви можности нуди ОУ „Блаже Конески“, во однос на класична, целодневна настава или дневен престој, услови и предности и др. Во врска со тоа, а заради подобро запознавање со условите на работа во ОУ „Блаже Конески“, како и за секакви прашања во врска со воспитно-образовниот процес и работата на училиштето, Ве упатуваме да се обратите до директорот на ОУ „Блаже Конески“, како орган на раководење на училиштето. Со почит, Сектор за образование, спорт, култура и заштита Дата 05.02.2014 година

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by