28 Април 2024 - 12:31:58

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

19.02.2014 во 21:00:57

Почитувани, имам едно барање до вас,на коешто се надевам дека ќе ми одговорите. Имено,јас сум вработен во една фирма за поштенски услуги и меѓудругото сум задолжен за реонот на Долно Лисиче.Тој реон ми е потполно непознат,а за да биде работата уште покомплицирана само на 4-5 улици има табли со име (број) на улицата.Исто така нема редослед во бројот на улиците,и во смисол на парни од една а непарни од друга страна,и во смисол на логичка поставеност (2,4,6,8,10...).За жал и самите мештани неможат да помогнат, бидејќи велат дека откако се сменети адресите од Ул.Маршал Тито во нумерички ознаки,и самите незнаат како се викаат другите улици освен нивната. Поради сето ова ќе ви бидам многу благодарен доколку сте во можност да ми испратите мапа со ознаки на улиците,бидејќи мене ќе ми биде од огромна помош а исто така и жителите на Долно Лисиче ќе можат да си ги добиваат своите пратки. Однапред ви благодарам.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

24.02.2014 во 11:48:37

Почитувани, Ве замолуваме да се обратите до ГСЦ на Град Скопје, бидејќи Градот ги има ингеренциите околу поставувањето на имињата на улиците и броевите. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by