27 Април 2024 - 15:26:08

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

04.03.2014 во 10:09:33

Почитувани, Во Реонски центар Аеродром во близина на фудбалското игралиште се наоѓа градежна фирма БИК трејд. Со неа имаме два проблеми. Првиот е што таква фирма на такво место едноставно со ниту еден урбанистички план не одговара да биде поставена или оставена да опстојува. Ме интересира дали вие имате план да ја дислоцирате бидејќи таква фирма сред стамбени згради нема здрава логика да постои( заради бучава, тропање, загадување, безбедност). Второ калта од нивниот двор нивните машини перманентно ни ја тресат по улиците пред прозорите од зградите. Откако сме населени голтаме кал и прашина од нив. Наложете им преку вашите инспектори да го асфалтираат или тампонираат дворот и влезот. Вака тие се перманентно градилиште за кое никој не им реагира за загадувањето кое го прават. Од вас очекувам конкретен одговор и преземени мерки (итно по втората точка ) по двете прашања на вашата страна и на е-маил. Ако не реагирате ние заедниците на станари од околните згради ќе покренеме иницијатива за ваша одговорност.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

20.03.2014 во 13:23:03

Почитувани, Вашето барање е препратено до инспекциските служби, кои ќе ве контактираат. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by