27 Април 2024 - 19:51:40

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

05.03.2014 во 12:35:34

Почитувани, Повеќе од една година лифтот во влезот 6 на зградата на бул. Јане Сандански бр. 12 НЕ ФУНКЦИОНИРА. Зградата има 7 ката и секојдневните по неколкупати качувања претставуваат ПЕКОЛ особено за постарите луѓе што живеат на повисоките катови. Заради избегнување на плаќањето на месечните обврски согласно со Законот за домување ангажиравме фирма - управител која освен редовна наплата ветуваше и решавање на проблемот со лифтот. Заедницата на станари остварува приходи и од рекламирање на фасадата на зградата. Освен приходите од рекламирање веќе неколку месеци уплатуваме по 1.500 денари за обнова на лифтот. За жал до денес резултати нема. Нефункционалниит лифт оневозможува доаѓаање на брза помош и медицинска домашна посета. Со еден збор КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ НА СТАНАРИТЕ ВО ОВОЈ ВЛЕЗ Е КАТАСТРОФАЛЕН. Со оглед на ингеренциите што ги имате согласно со Законот за домување (комуналните инспектори) од Вас бараме да се заинтересирате за случајот, да ги посетите станарите од Јана сандански бр. 12/6 и да ја контактирате фирмата управител со единствена цел ЛИФТОТ после една година неработење да биде ставен во функција. Ви благодариме на разбирањето и напорот што ќе го направите за решавањето на овој случај. Посебно благодарни ќе Ви бодат постарите станари во зградата чиј живот изгуби секаква смисла поради неможноста од движење и комуникација со околината.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

07.03.2014 во 14:24:52

Почитувани,Вашето барање е препратено до инспекторот за домување. Меѓутоа согласно законот потребно е станарите да свикаат состанок и да донесат одлуки кон кои ќе се придржуваат. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by