27 Април 2024 - 21:00:28

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

25.03.2014 во 09:45:33

Почитувани Неколку пати се обраќам до Комунална Хигиена (шинтерска служба) со апел за отстранување на уличните кучиња во општина Аеродром од таму велат знаеле за проблемот - јавете се во општина. Крајно време е да превземе некој нешто - особено зорувам за околината на основното училште Ѓорѓија Пулевски каде што врие од кучиња се работи за деца кои неможат да одат и да се враќаат сами од училиште бараат некој да ги придружува,мене лично ми се сличи да моето дете одејќи на училиште бегаше одкучиња и мораше да се крие во околните продавнички па требаше јад да одам и да ја испратам до училиште исто на два пати лично бев сведок како на возрасни им се нафрлаат две до три кучиња - што ќе се случи ако се нафрлат врз деца. Верувам дека и други граѓани на нашата општина реагирале на ваквата ситуација,затоа се надевам дека надлежните ќе реагираат за да не би се случувале непријатни ситуации.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

27.03.2014 во 10:11:45

Почитувани, За жал општината нема ингеренции ниту услови за згрижување на кучињата скитници. Нашите инспектори повторно ќе се јават на Шинтерската служба со барање да се згрижат кучињата во овој реон. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by