28 Април 2024 - 17:57:40

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

25.03.2014 во 14:35:41

Почитувани, Живеам во зграда бр.19 влез 4 на бул.Видое Смилевски Бато (кај полициската станица), и се соочувам со проблем кој го заслужува вниманието на градежната инспекција, но и инспекцијата за домување на општина Аеродром. Ви се обраќам писмено, од причина што веќе два дена во континуитет се јавувам на телефонските броеви на надлежните органи, меѓутоа не успевам да воспоставам контакт, а мислам дека проблемот и ситуацијата бараат брза интервенција од горенаведените органи. Имено, и покрај тоа што согласно Законот за домување регистрирани сме како Заедница на сопственици, со претседател, потпретседател, управен одбор и надзорен одбор, одредени станари без никаква консултација, согласност и одобрение, првенствено од станарите на Заедницата на сопственици, што значи и без било какво одобрение од општината Аеродром, преземаат градежни работи на надворешноста на зградата. Тоа во септември месец беше преземено од едни станари, сопственици на една станбена единица, а сега, во моментов, се презема од други станари. Освен тоа што ниту еден позитивен законски пропис не е испочитуван, значително и алармантно се кршат основните човекови права на станарите кои живеат во споменатиот станбен објект. Ви се обраќам со барање, да интервенирате, да излезете на терен и да направите увид на тоа што се случува овде. Во западноевропските држави станарите не смеат да изнесат алиште на балконот, рамките на прозорците, ролетните и надворешните врати мораат да им бидат идентични, а во РМ си дозволуваат без никакви консултации и потребни одобренија и дозволи да поставуваат скелиња и да ја „уредуваат“ зградата како што ќе им текне. Во очекување на Вашето постапување по ова барање, Ве поздравувам. Со почит, Силвана Петревска

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

27.03.2014 во 09:57:24

Почитувани, Вашето барање е препратено до инспекциските служби на општина Аеродром. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by