Одговор
02.04.2014 во 13:03:54
Почитувани,
На ден 01.04.2014 година, до Општина Аеродром, од Ваша страна е доставена електронска порака, со реакција за состојбата на паркетот покрај прозорците, како и за незаштитени кабли од електрична инсталација во училницата на I2 во ОУ „Љубен Лапе.
Во врска со тоа, Ве известуваме дека Општина Аеродром стапи во контакт со директорката на ОУ „Љубен Лапе“, која посочи дека каблите од електричната инсталација во изминатиот период се санирани, додека за паркетот не информираше дека во тек на наредниот период ќе биде саниран и тој проблем, согласно предвидените средства за тековно одржување на училиштето.
Исто така, Ве информираме дека за сите информации во врска со воспитно-образовниот процес и работата на училиштето, можете да се обратите до директорката на ОУ „Љубен Лапе“, како орган на раководење на училиштето.
Ви благодариме што го користевте ГСЦ.
Со почит,
Општина Аеродром
Назад