01 Мај 2024 - 13:17:40

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

07.04.2014 во 09:09:27

Почитувани, граѓаните од населба Мичурин поточно жителите на улиците Симеон Кавракиров и Петар Ацев веќе подолго време се соочуваат со проблем кој верувам дека не само ние туку и секој кој поминал покрај новата автобуска станица го има увидено освен службите кои се надлежни за тоа. Станува збор за напуштената куќа на ул. Симеон Кавракиров која се наоѓа на самата раскрисница пред Новата Автобуска Станица. Веќе подолг период таа куќа е напуштена, сопствениците иселени, (се шпекулира дека некој ја има откупено со цел да гради некаков хотел тука) но внатре имаат најдено прибежиште голем број луѓе од Ромска националност.б Откако се тие тука бројот на кражби е зголемен енормно, лично јас фатив еден како краде во подрумите на нашата зграда. Бројот на обиени возила и продавници е исто така зголемен. Но она што најмногу загрижува е начинот на кои тие живеат во куќата. Собираат смет од локалните контејнери и го растураат низ дворот на куќата, користат импровизирани ќумбиња за греење што може да предизвика пожар во секое време, користат струја на диво(порано не светеше ниту една сијалица а сега има дури и во дворот), децата шетаат голи размрсулавени и ги закачкаат нашите деца. Во една нивна расправија лично мојата кола беше удрена со камен од нивно дете, одат по улици со кеси во рака и дуваат лепак. Вршат нужда(и ГОЛЕМА) по влезовите на околните згради и Т:Н. ТН да не набројувам веќе. Овој проблем е пријавен неколку пати од жителите на Мичурин и еве веќе повеќе од година дена никој нема преземено ништо. Па почитувани мои ве прашувам дали вие како Општина имате надлежност да се справите со овој проблем и доколку имате кога планирате да го решите и ако немате надлежност да не упатите до институции кои можат и сакаат да го решат проблемов.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

07.04.2014 во 16:09:57

Почитувани, Вашето барање е препратено до инспекциските служби на општина Аеродром. Од таму Ве известуваат дека навистина се работи за приватен имот, што значи дека ние немаме никакво право да интервенираме на него, а за немилите настани Ве замолуваат да се обратите до полицијата на РМ. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by