07 Мај 2024 - 12:14:18

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

08.04.2014 во 17:49:30

Почитувани, Ви пишувам по трет пат во врска со хаосот со паркирањето на Владимир Комаров бр.23. Имено, на прашањето кое ви го поставив минатиот пат - зошто не се реализира ДУП-от и не се градат нови паркинг места ме упативте да се обратам до Одделението за урбанизам. Но, за жал тоа не е моја работа. туку ваша. Не ја гледам целисходноста на постоењето на граѓанскиот сервис центар, ако не е во можност да даде прецизни одговори на прашањата на граганите. Покрај тоа што сега ивичњаците се толку високи што не постои ново возило што нема да го оштети браникот доколку се паркира нанапред, со самоволието на Градски паркинг е оневозможено нормалното функционирање на паркингот. Би сакал да потсетам дека паркингот пред зградата е изграден во функција на објектот и е платен со парите на станарите. Немам ништо против Градски паркинг да стопанисува со паркингот, но само доколку не го попречува нормалното живеење на станарите. Денес се обележени паркинг местата на тој начин што во средината се предвидени паркинг места кои го оневозможуваат нормалното влегување и излегување на останатите возила кои се странично паркирани. На укажување на станарите да се обележат паркинг местата како што вообичаено се паркираат возилата, дрско и безобразно е одговорено дека бележат како што сакаат. Одбиен е и предлогот да пробааат со возило дека местата не се соодветно обележани. Ве молам, доколку сте сериозна општинска администрација, да контактирате со Градски паркинг со цел прописно да се обележат паркинг местата и да ми одговорите кога ќе се зголеми бројот на паркинг места. Со тоа ќе покажете колку се грижите за граѓаните кои што живеат во Општина Аеродром.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

09.04.2014 во 15:59:47

Почитувани, Деновиве екипите на ЈП Градски паркинг вршат само реобележување на веќе постоечките линиии на паркин поросторот пред Вашето место на живеење. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by