02 Мај 2024 - 20:57:42

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

09.04.2014 во 10:29:04

Почитувани, Јас живеам на ул. Коста Новаковиќ бр.18 и ви пишувам за проблем кој настана последниов месец. Имено околу нашата зграда се градат повеќе згради и поради тоа има доста расфрлено ѓубре кое одвреме на време го собираат работниците кои ги чистат улиците и тревникот. Сега пред зградата каде треба да има улица некој инвеститор го фрлил шутот токму на ова место. Барам да се исчисти овој шут и по можност да се казнат прекршителите за ова дело. Ви се обраќам и за уште една работа. Имено веќе година дена има обележено дрвја кои треба да се исечат. Пред 2 месеци едно од тие дрвја падна и оштети возило. Дојдоа и го пресекоа само тоа дрво, а другите ги оставија. Зошто не ги исекоа и другите обележени дрвја или се чека повторно да настане штета. Со почит, Душко Блажевски

Статус: Одговорено
Тип на барање: Хигиената во населените места: градежен шут и отпад

 
Одговор

09.04.2014 во 11:52:09

Почитувани, По однос на првиот дел од Вашето писмо Ве известуваме дека веднаш беше известено одделението за инспекциски работи при Општина Аеродром и тие во најкраток можен период ќе направат напор да го надминат и решат проблемот, додека пак за вториот дел од Вашето барање Ве извстуваме дека веднаш ги известивме екипите на ЈП Паркови и зеленило, бидејќи тие се надлежни за сечењето на дрвата во градот Скопје. Дополнителни информации очекувајте од нив. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by