04 Мај 2024 - 14:54:28

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

11.04.2014 во 13:16:24

Ме интересира зошто не мачите да пишуваме ,да ви ги кажуваме нашите маки ,кога немате доблест ниту да ни одговорите ,а камоли да ни помогнете . Ви пишував на 31 март за проблемот со сушењето алишта од страната на некои без грам свесност соседи во заедничкиот ходник, но изгледа вам мојот проблем не ви е приоритет. Барем кажете ми како да стапам во контакт лично со инспекторот за домување (кога има приемни денови )бидејки на телефон не можам да го добијам ,а сакам да се информирам кои законски мерки треба да ги преземам согласно законот за домување за да се заштитам себеси и мојата фамилија од константното изложување на испарувања и мириси кои преку ходникот ми влегуваат директно во станот.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

14.04.2014 во 13:04:31

Почитувани, Инспекторот за домување можете да го контактирате во следниве приемни денови: понеделник и вторник од 16 и 30 до 16 и 30, како и четврток и петок од 8 и 30 до 9 и 30. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by