04 Мај 2024 - 10:54:36

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

11.04.2014 во 15:42:29

Почитуван/а, Живеам во зградата на бул. „Видое С. Бато“ 8а (Реонки центар Аеродром). Веќе цела седмица во нашата зграда не функционира осветлувањето во заедничките делови, а не работат ниту лифтовите. Причината е едноставна - напојувањето со електрична енергија е исклучено од ЕВН Македонија поради неплатени сметки од страна на фирмата „Станбен сервис“. Поради истата причина, веќе повеќе од еден месец, зграда се „загушува“ во страшна нечистотија, затоа што не и е платено на фирмата која треба да ја одржува хигиената во зградата, со што се загрозува јавното здравје на станарите и посетителите во зградата. Ова е трет пат во период од една година, ние станардите кои редовно и во целост си ги исполнуваме нашите обврски кон фирмата - управител „Станбен сервис“, да се соочуваме со ваков вид проблеми кои серизоно го нарушуваат квалитетот на нашето домување. Ве молам и барам, како лојален граѓанин на оваа земја и жител на општина Аеродром, да преземете се што е во ваша законска надлежност (согласно Законот за домување) и да го санкционирате ваквото флагрантно кршење на законите од страна на „Станбен сервис“, со што воедно ќе го оправдате стекнатиот углед на најурбаната општина во Македонија. Исто времено, ве молам писмено (на e-mail) да ме известите што ќе преземете или сте преземале со цел да можам да ги испланирам моите идни чекори во насока на заштита на моите законски права како станар и граѓанин на Република Македонија, пред останатите надлежни државни и судски органи. Ви благодарам! Со почит, Гоце Пачемски бул. „Видое С. Бато“ 8а / 2 - 18, 1000 Скопје

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

14.04.2014 во 16:11:49

Почитувани, Инспекторот за домување можете да го контактирате во следниве приемни денови: понеделник и вторник од 16 и 30 до 16 и 30, како и четврток и петок од 8 и 30 до 9 и 30, или пак на следниов телефонски број 2401-521. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by