02 Мај 2024 - 03:18:47

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

22.04.2014 во 00:43:16

Почитувани, Најпрво да Ви ги честитам Велигденските празници, Христос Воскресе, Навистина Воскресе. Како општина која секогаш се грижи за доброто на граѓаните, Ви се обраќам со надеж дека ќе одговорите на нашите потреби. Веќе подолго време, да не речам откако знам за себе имаме проблем со маалото каде што живееме. Ние неколку пати зависно како се менувал урбанистичкиот план сме потпаѓале под различни општини( Центар,К. Вода), последниве години сме под општина Аеродром. За жал никогаш и не сме се чуствувале како дел од ниедна од нив, зошто сите кога градат или ги крпат дупките по улиците, ја средуваат населбата со паркови и зеленило, средуваат на сите други места само кај нас не. Отсекогаш сме биле отфрлени од патот. Се наоѓаме на најубава локација, на самата клучка помеѓу трите најголеми општини Центар, К.Вода и Аеродром, но сме и нај нај несредена населба. Многумина не знаат дека тука воопшто има луѓе кои што живееат. И ние сме дел од народот и ние сме дел од Вашата општина но досега никој не се согласил барем да прошета накратко по нашата улица и да ги види условите во кои живееме. Мојата улица, моето маало води по она мало слепо уличе кое скршнува од Трета Мак. Бригада од десно веднаш после надвозникот кога одите од Центар према Лисиче, или поточно Трета Мак. Бригада улица 1. Нема дете, нема девојче или момче , девојка или жена на која не и е страв да помине. Неосветлени калливи улички, никакви услови за малите дечиња да имаат каде безбедно да играат(игралиште, забавно паркече и сл.). Секое лето оваа уличка е толку запуштена со треви и не ретко може да се сретне и по некоја змија на патот каде пешки поминуваме, што од самите пруги, што од жбуновите покрај оградата на Македонија Табак, па дури и во некој од дворовите на куќите, имаме и многу често проблеми со наркомани кои се збираат и често пати се дрогираат под надвозникот позади нив оставајќи крвави игли, шприцеви и сл. Има мали дечиња кои незнаејќи можат да се заразат од целиот тој отпад. Бидејќи е и просторот пред оградата на Македонија Табак запуштен и обраснат со збунови и грмушки, многу често независно дали е преку ден или навечер се собираат манијаци и воајери кои прават проблеми и знаат некогаш и да нападнат. Јас сум млада девојка која живее овде скоро 30- тина години и секоја помината година, се надевав дека некој ќе дојде и ќе превземе нешто со ова маало, но за жал досега на никого не му текнало. Ние сме дел од вас, се наоѓаме на самиот влез на најубавата општина ,општината Аеродром. Ви благодарам што го прочитавте моето барање,се надевам ќе наидам на разбирање од Ваша страна. Со почит , Даниела

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: останато

 
Одговор

23.04.2014 во 15:40:53

Почитувани, Вашите забелешки се доставени до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека ќе излезат на терен и ќе направат увид на лице место. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by