04 Мај 2024 - 10:42:23

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

28.04.2014 во 13:54:56

Почитувани, Ви се обраќам во свое име и во името на повеќе родтели на деца со посебни потреби, кои се инклудирани во редовната настава во основните училишта на подрачјето на општина Аеродром. Би сакале да се сретнеме со вас и да поразговараме во врска со екстерното оценување, кое, очигледно е голем прашалник за наставниот кадар. Моето дете е 6-то одделение и работи според Индивидуален образовен план, за кој искрено се намачив, а ги добива истите тестови и прашања на екстерното тестирање како и децата со уреден развој. Се надевам, дека ќе не примите, затоа што можеби некои од родителите, ќе имаат и други прашања, а и предлози околу оваа тема. На состанокот ќе биде присутен и општинскиот дефектолог. Ве молиме средбата организирајте ја, секако доколку и од ваша страна има добра воља, после празниците. Во очекување на одговор, Поздрав и убав ден, Катарина Каракашев Кацарска

Статус: Одговорено
Тип на барање: образование

 
Одговор

02.05.2014 во 13:31:02

Почитувани, Вашето барање веднаш беше препратено до одделението за образование, спорт и култура. Од таму веќе сте контактирани од страна на нажиот раководен орган. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by