09 Мај 2024 - 02:42:03

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

11.05.2014 во 14:46:01

Почитувани, Живеам со моето семејство на ул. Коста Новаковиќ бр.18 во Скопје. До мојата зграда на околу 10 метри се градат 2 зграда кои ќе имаат 7+1 ката и два влеза. Досега со едната зграда се дојдени до 3-тиот кат, а за другата се врши ископ на земја за темелите. Откога е почнато да се гради работат нон-стоп 7 дена во неделета по 10-12 часови спрема временските услови. Градежниот дел има некаква закрпена ограда која не дава никаква сигурност, а кранот каде што е поставен не е осигуран со заштитна ограда. Покрај големата бучава од градежните машини, работата на работниците со специфичните алати, издувните гасови од многубројните камиони што мораме секојдневно да ги трпиме, голем проблем преставува и загадувањето од прашината што се дига при секој поминат камион. Не ги познавам законските одредби за градба во населено место па затоа Ве молам за помош како подобро да се заштитиме од несакани несреќи, големата бучава и прашина.

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: останато

 
Одговор

13.05.2014 во 15:44:31

Почитувани, Вашето барање ќе биде доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by