07 Мај 2024 - 12:18:52

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

21.05.2014 во 21:43:16

ДО Општина Аеродром за Комуналниот инспекторат, С к о п ј е П Р И Ј А В А од СТАНАРИ во населба 13 Ноември, бул. Јане Сандански број 3, влез 1,2,3 и 4, општина Аеродром - Скопје Причина за поднесувањето на оваа пријава е противправното чување на домашни миленици-две кучиња на јавна површина, поточно паркот пред зградата на бул. Јане Сандански број 3 од страна на неколку неодговорни станари во влез број 2 и 4. Имено, во паркот пред зградата се поставени две дрвени куќички и во истите се сместени две улични кучиња кои претходно беа заловени и стационирани во Вардариште во таканаречен азил, потоа стерилизирани и на барење на неколку станари вратени со наводна гаранција за грижа пред се по безбедноста на граѓаните. Досегашното искуство покажа дека згрижувањето на кучињата е крајно несоодветно од секој аспект: безбедносен, здравствен - хигиенски, нарушување на јавниот ред и мир како и од естетски аспект. Во врска со безбедносниот аспект истакнуваме дека кучињата од кое едното со црна боја е крупно и особено агресивно и наводно врзано, го шета кој ќе стигне, понекогаш со поводник понекогаш без поводник со можност секој во секое време да го одврзе, па дури и злоупотреби. Ги хранат со се и сешто, а често пати во тревникот има и остатоци од храна – помија која се распаѓа. На тревната површината има ископано дупки и косачите на тревата не можат да пристапат заради косење што од безбедносни причини што поради нерамнините. Лавежот, односно вознемирувањето на станарите во непосредна близина е постојан особено во ноќните часови, а за естетскиот аспект и да не говориме, недостасува уште кочина или трло. Имајки ги предвид овие наводи предлагаме: ВЕДНАШ да се отстранат куќичките од тревникот, а на љубителите на овие кучиња или таканаречените гаранти да им се даде можност истите соодветно да ги вдомат во своите домови и да ги чуваат согласно со пропишаните стандарди за чување на домашни миленици со полна одговорност која гарантира безбедност и зачувување на јавниот ред и мир и зелената површина да се обнови. Во спротивно, со оглед на тоа дека едното куче (црното) е агресивно и опасно по околината за што и во минатото е укажувано, да се одземе и истото стационира во таканречениот азил во Вардариште или понуди на друг субјект кој би можел соодветно-безбедно да го чува и контролира , бидејки ова куче на овој начин на “чување” не е под никаква контрола и прашање е на време кога ќе се случи некој посериозен инцидент. Оваа пријава ја поднесуваме и од хуман аспект под страв некој самоволно да “пресуди” на начин кој не го посакуваме. Скопје 21. 5. 2014 год. ОД Жителите во зградата

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: Хигиената во населените места: градежен шут и отпад

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by