07 Мај 2024 - 10:46:17

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

21.05.2014 во 21:44:11

ДО Општина Аеродром за Комуналниот инспекторат, С к о п ј е П Р И Ј А В А од СТАНАРИ во населба 13 Ноември, бул. Јане Сандански број 3, влез 1,2,3 и 4, општина Аеродром - Скопје Причина за поднесувањето на оваа пријава е противправното чување на домашни миленици-две кучиња на јавна површина, поточно паркот пред зградата на бул. Јане Сандански број 3 од страна на неколку неодговорни станари во влез број 2 и 4. Имено, во паркот пред зградата се поставени две дрвени куќички и во истите се сместени две улични кучиња кои претходно беа заловени и стационирани во Вардариште во таканаречен азил, потоа стерилизирани и на барење на неколку станари вратени со наводна гаранција за грижа пред се по безбедноста на граѓаните. Досегашното искуство покажа дека згрижувањето на кучињата е крајно несоодветно од секој аспект: безбедносен, здравствен - хигиенски, нарушување на јавниот ред и мир како и од естетски аспект. Во врска со безбедносниот аспект истакнуваме дека кучињата од кое едното со црна боја е крупно и особено агресивно и наводно врзано, го шета кој ќе стигне, понекогаш со поводник понекогаш без поводник со можност секој во секое време да го одврзе, па дури и злоупотреби. Ги хранат со се и сешто, а често пати во тревникот има и остатоци од храна – помија која се распаѓа. На тревната површината има ископано дупки и косачите на тревата не можат да пристапат заради косење што од безбедносни причини што поради нерамнините. Лавежот, односно вознемирувањето на станарите во непосредна близина е постојан особено во ноќните часови, а за естетскиот аспект и да не говориме, недостасува уште кочина или трло. Имајки ги предвид овие наводи предлагаме: ВЕДНАШ да се отстранат куќичките од тревникот, а на љубителите на овие кучиња или таканаречените гаранти да им се даде можност истите соодветно да ги вдомат во своите домови и да ги чуваат согласно со пропишаните стандарди за чување на домашни миленици со полна одговорност која гарантира безбедност и зачувување на јавниот ред и мир и зелената површина да се обнови. Во спротивно, со оглед на тоа дека едното куче (црното) е агресивно и опасно по околината за што и во минатото е укажувано, да се одземе и истото стационира во таканречениот азил во Вардариште или понуди на друг субјект кој би можел соодветно-безбедно да го чува и контролира , бидејки ова куче на овој начин на “чување” не е под никаква контрола и прашање е на време кога ќе се случи некој посериозен инцидент. Оваа пријава ја поднесуваме и од хуман аспект под страв некој самоволно да “пресуди” на начин кој не го посакуваме. Скопје 21. 5. 2014 год. ОД Жителите во зградата

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: Уредување на блоковското зеленило

 
Одговор

28.05.2014 во 13:53:53

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Во текот на денешниот ден, нашите комунални редари ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by