07 Мај 2024 - 15:17:03

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

24.05.2014 во 00:38:54

Почитувани, ви пишувам во врска со работното време на угостителските објекти/кафани кои се наоѓаат во населба Мичурин. Имено со ограничување на работното време на кафаните до 24 часот во работни денови и 01 часот во петок и сабота ме интересира дали овие кафани смеат да пуштаат гласна музика со отворени врати и прозори и дали смеат да пуштаат гласна музка во летните бавчи во предвидето време за работа или има некој закон со кој се ограничува гласноста на музиката, како и запазување на времето за одмор на станарите кои живеат до овие кафани. Јас стварно не знам кој им дал дозвола за работа на ваквите локали кои се одалечени на само 3 метра од згради во кои живеат по 80 станари без претходно да размисли дека овие 80 станари одат на работа и по цели ноќи остануваат неспани за некои газди на кафани да си ги полнат џебовите. Излезете на терен и видете што се случува особено овој период на матури, се урла, вика и пушта музка до 1 саат по полноќ, а додека си заминат гостите галамата продолжува и до 2 саат. Воедно ќе ве молам да ми кажете каде ние станарите може писмено да се пожалиме од кафаната со која имаме проблеми,односно до кој дел/сектор во општина Аеродом. Еднаш пуштивме таква жалба, општината ни достави одговор но пликото со одговорот не можевме да го земеме од пошта бидејќи пликото можеше да го подигне само претседател на куќен совет, а во тој период нашата зграда немаше претседател на куќен совет. Благодарам

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: останато

 
Одговор

28.05.2014 во 11:18:58

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие набрзо ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by